Детали за пожарот во Битола. Пронајдени телата

0
20

Битолската полиција соопшти дека попладнево во 16.24 часот од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица.

За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Полицијата соопштува дека утврден е идентитетот на починатите. Се работи за две лица од Битола на возраст 68 и 63 години.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.