Во објект во Ѓорче Петров пронајден почи нат 32-годишен скопјанец

0
23

Вчера попладне околу 12,40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во објект на улицата „Лука Геров“ на подрачје на Ѓорче Петров пронајден е починат 32-годишниот Б.Ј. од Скопје, извести МВР.

Од лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.