Во Италија падна хеликоптер, седум лица загинаа

0
18

Седум лица, меѓу кои и четиричлено словенечко семејство, загинаа денеска во хеликоптерска несреќа на југот на Италија, објавија италијанските медиуми.

Хеликоптерот исчезнал од радарот во Кастелпагано ди Апричена, рурална област во провинцијата Апулија, по што армијата и пожарникарите започнале потрага.

Заменик-гувернерот на Апулија, Рафаеле Пијемес, изјави дека хеликоптерот е пронајден и дека сите седум патници и членови на екипажот загинале, објави италијанскиот дневен весник Кориере дела сера.

Меѓу загинатите има и четиричлено словенечко семејство, меѓу кои и 13-годишно девојче. Другите жртви се локален лекар и двајца пилоти.

Хеликоптерот кој секојдневно летал од Фоџа, во Апулија на островот Тремита во Јадранското Море, паднал најверојатно поради лошото време.