Покрај до петте училишта каде првично беа испратени дојави, подоцна дополнително било пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три школи во Скопје. Проверките во дел од нив, сè уште траат. Во дел од средните училишта во Скопје до кои стигнаа дојави за бомби се завршени антитерористичките проверки и утврдено е дека станува збор за лажни дојави.
Според последните информации од МВР, во дел од школите проверките сè уште траат.
Дојавите за бомби денеска беа испратени по електронски пат до пет средни училишта пошто беше извршена евакуација на учениците и вработените. Училиштата до кои беа испратени дојавите се: „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.