Владата им ја одзема дозволата за одгледување кана бис на Заеви

0
20

Владата на минатонеделната седница донела одлука со која ја одзема дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на „Фарма Медика Канабис“, која во минатото во медиумите се поврзувшае со братучедите на поранешниот македонски премиер, Зоран Заев, а тоа се Бобан Заев, Трајчев Заев и Катерина Бојовиќ Заева, објави „Фактор“.

Одлуката била донесена од 18 октомври компанијата да прекине со одгледување на канабис за медицински цели.

„Престнување на важење на одлуката за давање согласност на решение за давање и одобрени за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“, стои во одлуката.