ВИДЕО/ Девојките се фатија за коса на афтер-забавата на мисите во Њујорк

0
27

Изборот за Мис на Шри Ланка се одржа во Саут Бич, Њујорк, САД, а титулата ја освои Анџелија Гунасекара.

По настанот беше одржана афтер забава за која беа продадени и влезници во јавноста.

За време на забавата стана вистински хаос во која учествувале повеќе лица меѓу кои и жени.

Видеото од хаосот стана вирално на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции кај јавноста и во Шри Ланка и во Њујорк.

Набргу потоа, во соопштение во Њујорк, организацискиот одбор на натпреварот соопшти дека по завршувањето на главниот настан, некои гости биле вклучени во немил настан надвор од местото, нагласувајќи дека инцидентот нема никаква врска со натпреварот.