Заменик претседателот на партијата БЕСА, Арианит Хоџа, на денешната прес конференција објави дека партијата ќе испрати покана за средба до сиот албански политички фактор во земјава со цел градење на заеднички став за престојните уставни измени.
„На оваа средба предлагаме да се разговара за градење на заеднички став на албанскиот политички фактор во земјава во однос на уставните измени што ќе треба да се случат и преземање на конкретни чекори како да го отстраните терминот 20% и истиот да го замениме со терминот – албански јазик…сега е време сите да дадеме приоритет на нашиот национален интерес, како Албанци“, рече Хоџа