Ахмети бара од Хаг слобода за Хашим Тачи и други обвинети Косовци

0
21

Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави дека бара брзо ослободување на поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово (УЧК) Хашим Тачи како и на другите косовски лидери и некогашни борци како што се Реџеп Селими, Кадри Веселин и Јакуп Красниќи, за кои вели дека се негови соработници во косовската УЧК.

Поминаа точно две години откако започна судењето во Хаг со кое неправедно се оддалечени од прагот на своите куќи моите соработници од УЧК, објаи Ахмети на Фејсбук.

Тој додава дека станува збор за правна битка заснована на измислици и невистини со цел да се стави црна дамка на, како што нагласува, праведната кауза за слобода на Косово

„Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји.Едногласно бараме праведен судски процес, ревизија на Резолуцијата 1782 на Дик Март и брзо ослободување на лицата кои беа дел од една чиста кауза, поддржана од меѓународниот фатор, како што е добро познато“, нагласува Ахмети.

Toj својата објава вака ја илустрира: Слободата има име – УЧК.