Лидерот на Левица Димитар Апасиев украл УСБ од бугарските демонстранти на отворањето на Македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград. Тој се пофали со неа како трофеј. На фејсбук статус тој се сликаше со УСБ во кое според него имало бугарски националистички песни, пишува monitor.mk.
“На чист б’лгарски јазик, ФЛАШКА значело УСБ🥳
Епа, “флашката” со фаш истичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата е прописно форматирана” напиша Апасиев на неговата фејсбук страница.
Левица вчера објави видео со кое од ова партија тврдеа дека нивниот лидер бил нападнат. На видеото не се забележуваше физички напад, а се гледаше како Бугарски демонстрант бара да му биде вратено УСБ. Според Левица истиот провоцирал со звушник од кој пуштал Бугарски националистички песни.