Антониа Гиговска и Иван Јованов на распит пред камера: „Кој е виновен што љубовта испари и кој кого изневери? (ВИДЕО)

0
21

Иако веќе не е ни вест, зашто на сите им стана познато дека естрадната „love story“ помеѓу македонската поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиното ( сега веќе бившо) момче, вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов доживеа неславен крај. Врската ја раскинаа инкогнниот, тивко и без многу помпа, иако јавноста бргу „ја провали“ приказната дека вљубените естрадни гулапчиња повеќе не се во љубов!

https://www.instagram.com/reel/CXPSaFKgUoO/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

И тука тргнаа шпекулациите, претпоставките, нагаѓањата, кулоарските естрадни муабети… од кои се исплкетоа и многу „евтини приказни“ по медиумите. Сепак, дека „каде што има чад, има и оган“ покажаа некои основани сомнежи, дошепнувањата на очевидци или блиски пријатели, кои како по правило сакаат да останат анонимни, но и однесувањето на двајцата сега веќе бивши љубовници.